Милан и Јувентус заинтересирани за играч на Ливерпул


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Милан и Јувентус се заинтереисрани во своите редови да го донесат играчот кој оваа година и не се изнаигра баш многу во Ливерпул, Фабињо.

„Спорт Медиасет“ пренесува дека Милан веќе почнал да се распрашува за Фабињо, додека ситуацијата околу играчот ја следеле и од тимот на Јувентус.

И двата тима се очекува да купат играч од средниот ред во текот на јануарскиот преоден рок бидејќи се соочуваат со проблеми со повредени фудбалери токму во овој дел од теренот.

Ливерпул плати 50 милиони евра за бразилскиот интернационалец, но поранешниот фудбалер на Монако речиси воопшто не добива шанса од Јирген Клоп оваа сезона.