Челси заинтересиран за играч на Борусија Дортмунд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека од раководството на Челси ја разгледуваат опцијата во своите редови да го донесат играчот на Борусија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ.

20 годишниот фудбалер има договор со „Милионерите“ до 2020 година, а од таборот на Борусија се подготвени да го продадат доколку на нивна адреса стигне примамлива понуда.

„Дејли Мејл“ пренесува дека Челси ќе притиска за неговиот потпис уште во јануарскиот преоден рок, посебно ако се знае фактот дека би можеле да добијат забрана за трансфери во време од две години по нерегуларниот трансфер на Бертранд Траоре.