Азар искрено и самокритично: Јас не ја заслужувам „Златната топка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец, Еден Азар е еден од фудбалерите кои се номинирани за Златната топка која ја доделува, Франс Фудбал.

Веќе некое време Азар нуди многу добри партии во дресот на Челси и многумина го споменуваат токму неговото име во разговорите околу Златната топка, но овој офанзивец смета дека постојат и подобри од него.

Тука, пред се го издвои Килијан Мбапе од ПСЖ.

„Играм добро, но не сакам да се занесувам. Не го заслужувам тоа признание, Постојат и подобри играчи од мене…“, истакна Азар, а потоа кога беше запрашан кој ја залужува оваа награда, тој одговори:

„Можеби Лука Модриќ, но проблем е што не игра така добро по СП. Мислам на периодот во август и септември. Ако гледаме на почетокот на сезоната, тогаш морам да кажам дека мојот фаворит е Килијан Мбапе“, порача Белгиецот.

На Азар инаку ова му е третпат да се најде во конкуренција за признанието „Златна топка“.