Еуфорија кај Каталонците: Меси во Дубаи договара феноменално засилување за Барселона?! (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси ја користи репрезентативната пауза за одмор во Дубаи, каде што има интересно друштво.

Аргентинецот ја искористи шансата за да се види со Пол Погба, а нивната заедничка фотографија експресно крена многу „прашина“ дека Французинот ќе се пресели наредното лето во Барселона.

Погба не е задоволен во Манчестер јунајтед и веќе долго време се шпекулира за неговиот трансфер, па затоа ова дружење со Меси дополнително ги „загреа“ шпекулациите.

Исто така, одамна се знае дека Меси во Барселона е многу повеќе од обичен фудбалер бидејќи одлучува за многу работи на клубот.

Во секој случај, Погба и Меси најверојатно имале пријатен ден, а дали има вистина во шпекулациите, останува да видиме во наредниот период.