Жиру отворено за хомосексуалноста во фудбалската свера: Во овој наш начин на живот, невозможно е едноставно…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на француската репрезентација и Челси, Оливие Жиру за странските медиуми зборуваше за состојбата во фудбалот, конкретно за хомосексуалноста меѓу играчите.

Според неговото мислење, да се биде геј во фудбалот не е возможно иако во минатото некои играчи јавно признаваа дека ги привлекуваат припадници на истиот пол. Вистина, во мал број.

„Мислам дека во фудбалот е невозможно да се биде геј. Премногу има тестостерон, колективни тушеви, дружење…Комплицирано е, но тоа е така“, истакна Жиру.

Веројатно најпознатиот фудбалер кој призна дека е хомосексуалец е Томас Хитспрергер, некогашниот германски репрезентативец кој тоа го изјави во 2014. година, додека настапуваше за Астон Вила.