Парондо: Клучот е во подобриот напад во нашиот тим, Вардарци ќе се обидат да слават на поправниот испит…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот македонски шампион, Вардар вечерва во Барселона ќе има повторна можност за поправен испит. Имено, нашите ракометари минатата недела запишаа пораз на домашен терен, од тимот предводен од Пасквал, па ќе се обидат на гости да ги поправат нештата.

Со катастрофалниот старт на мечот, Вардарци на Каталонците им овозможија да слават со 30:26 во претходниот меч. Сепак предводникот на црвено-црните, Парондо беше искрен и истакна дека македонскиот шампион потфрлил несомнено во нападот, кој може да се квалификува како најлош напаѓачки ден.

„Ние го имавме несомнено најлошиот ден сезонава, а Барселона без коментар одигра одлично. Мислам дека клучот е во нападот и на истиот треба да работиме да биде подобар, да се потрдиме да не губиме топки по наивни грешки, бидејќи тоа на Барселона и дава можност за лесни погодоци преку контра напади“, истакна Парондо во пресрет на вечерашниот реванш меч во Барселона.

Пред вечерашниот дуел, за потсетување во групата А, Вардар се наоѓа на четвртата позиција.