Анчелоти тргнува во голема акција: Наполи ангажира засилување кое ќе им го донесе Скудетото!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По девет години Карло Анчелоти се врати во италијанскиот фудбал, односно со екипата на Наполи потпиша тригодишен договор вреден 6,5 милиони евра по сезона.

Меѓутоа, Анчелоти не успеа сериозно да му се закани на Јувентус, па поради таквата ситуација тој бара големо засилување во јануари.

Станува збор за напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани, кој токму од Наполи замина во Париз, па поради лошите односи со Нејмар би можел сега повторно да се врати назад.

Италијанските медиуми пишуваат дека 31-годишниот Кавани имал разговор со претседателот Аурелио Де Лаурентис за време на гостувањето на ПСЖ во Неапол во рамки на Лигата на шампиони.

Наводно, Кавани покажал желба за враќање на „Сан Паоло“ уште во јануари, а единствен проблем би можела да биде откупната сума, односно 60 милиони евра колку што бараат Парижаните.

Ако Де Лаурентис реши да го купи Кавани, тогаш тој ќе биде најскапо засилување во историјата на Наполи.