Монако оставен на немилост: Фалкао ќе „бега“ во друг европски гигант!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Монако е пред тотален колапс, а контроверзниот претседател и газда на клубот, Дмитри Риболовљев е притворен, а екипата е на дното на табелата, па новиот тренер Тјери Анри не го врати клубот на победнички патеки.

Наводно, клубот нема пари да исплати плати, па ќе ги продава своите ѕвезди, а токму Радамел Фалкао би можел да замине во Реал Мадрид.

Фалкао би се преселил на позајмица во јануари во Реал Мадрид, а потоа „кралевите“ би морале да го откупат во лето.

Агентот Жорже Мендеш работи на трансферот, но последниот збор ќе го има Сантијаго Солари бидејќи Фалкао има 32 години, па би можел најверојатно да потпише договор на максимум 18 месеци.

Исто така, „кралевите“ го сакаат и Марио Ермосо, но на нив им е потребен итно нов напаѓач, па останува да видиме што ќе се случува во јануари.