Дали е ова најава на голема врата: Повторно во Реал и Шпанија? – Хмм, зошто да не?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некогашниот голман на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Икер Касиљас истакна дека со задоволство би се вратил таму каде му било незаборавно и од кадешто потекнува.

„Да ме повикаат да се вратам во репрезентацијата на Шпанија? Со задоволство. Повторно да бидам дел од Реал Мадрид? Секако. Никогаш не можам да ги заборавам успесите кои ги постигнав таму“, истакна Касиљас.

Како што посочи сегашниот член на Порто, не жали што заминал од Мадрид, туку смета дека тоа била добра одлука.

„Мислам дека направив чекор напред. Да останев во Реал, би имал лош крај во однос на оној кој го имав“, заклучи славниот голман.