Валенсија сурово откри: Се што кажа Мурињо е лага!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија открива како Жозе Мурињо поради тактични причини го исфрлил од тимот.

Валенсија моментално со репрезентацијата на Еквадор, а тамошните медиуми открија дека оваа есен не игра поради тактични причини, иако Мурињо неодамна зборуваше дека искусниот бек е повреден.

„Не сум повреден. Моментално не играм, но тоа е поради повеќе тактични причини. Играчот кој играше на мое место, Ешли Јанг, играше добро. Морате да ја почитувате одлуката на менаџерот“, истакна Валенсија.

Сепак, Валенсија тврди дека и покрај се е во добри односи со Мурињо.

„Единствено што можам е да се подготвам и да бидам тука кога менаџерот ќе побара да играм. Морам да бидам спремен да се натпреварувам. Мирен сум и знам дека таа прилика ќе дојде. Мојот однос со Жозе отсекогаш бил добар“, истакна капитенот на „Црвените ѓаволи“.