Позната е тежината на повредата на Ракитиќ: Што пред големиот одлучувачки меч на „Вембли“?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Единствен, но важен проблем за Хрватска по победата над Шпанија во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на нациите и пред утрешниот одлучувачки меч со Англија на „Вембли“, е повредата на Иван Ракитиќ. Тој во 67. минута од мечот, со болно лице мораше да го напупшти теренот.

Многумина ги зачуди одлуката на Далиќ да го замени Ракитиќ при резултат 1:1 со Никола Власиќ. Ракитиќ откри дека самиот барал замена поради болки. И тоа во десната нога. Барселона објави дека се работи за истегнување на тетивата на десното колено. Покрај додадотокот дека „неговото враќање ќе зависи од неговото закрепнување“.

Барселона така, не откри ништо за тоа што тестот кој Ciutat Esportiva de Sant Joan Despi го направи лекарот на Барселона, Ричард Пруна, покажа колку Ракитиќ присилно ќе паузира.

Но, ваквите повреди инаку траат од две до три неделни. Секако, Ракитиќ што се однесува до репрезентацијата ќе ја пропушти Англија, додека за Барселона и без оглед на повредата ќе го прекокне дербито во Ла Лига идната сабота кај Атлетико, затоа што заработи црвен картон во изминатото коло против Бетис.

Освен овие натпревари, поради повреда нема да игра против ПСВ во Лигата на шампионите и во мечот со Виљареал. Неговото враќање се очекува околу 8. декември, во градското дерби против Еспањол.