Пристигна и официјална потврда: Гатузо во големи и сериозни проблеми?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што е познато, Алесио Романјоли доживеа повреда во текот на тренингот со репрезентацијата на Италија.

Тој го напушти репрезентативниот камп, го замени Ачерби, а сега е обелоденето и колку долго фантастичниот стопер ќе мине надвор од теренот.

Имено, Романјоли го очекува едномесечна пауза, што Милан го става во незгодна позиција.

Освен него, надвор од ростерот се и Мусачо и Калдара, што на Гатузо на располагање од централните дефанзивци му го остава искусниот Запата и младиот Симиќ.

Веќе во следното коло од Серија А ги очекува важен дуел на „Олимпико“ против Лацио, потоа играат против Диделанж во Лига Европа, потоа Парма и Торино во рамки на Серија А на домашен терен, а на 13. декември ќе ги одмерат силите со Олимпијакос, исто така во рамки на Лига Европа.

Потоа Романјоли би требало да се врати на терен, а до тогаш на позицијата стопер би можеле да заиграат Рикардо Родригез или дури и Франк Кеси.

Со оглед на тоа дека надвор од расположливиот ростер се Билја и Бонавентура, тешко е да се поверува дека Гатузо ќе го прекомандува Кеси во задната линија, но ќе видиме за кое решение ќе се одлучи.

Во секој случај, на „Росонерите“ им претстојат неколку важни дуели во кои ќе влезат сериозно дефицитарни.