Грабеж во домот на судијата кој арбитрираше на дербито помеѓу Јувентус и Милан: Станува ли збор за одмазда?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот фудбалски судија, Паоло Силвија Маколени, кој изминатиот викенд ја делеше правдата на дербито во Серија А помеѓу Милан и Јувентус, се соочи со кражба.

Делува дека не станува збор за одмазда на некој незадоволен навивач на Милан поради поразот, бидејчи самиот грабеж се случил неколку дена во пресрет на споменатиот меч. Поточно, во петокот кога криминалците провалиле во неговата куќа, во Алзано Ломбардо, пренесува Л’Еко ди Бергамо.

Според наведувањата на овој медиум, дрските крадци заминале побогати за автомобил кој и припаѓал на неговата сопруга, два компјутери, два часовници и нешто накит. Сепак, она што е прилично зачудувачки е тоа што не застанале на тоа, туку на Маколени му украле и неколку свирчиња, како и судиски униформи.