Познати четврт-финалните двојки од турнирот во кошарка на ОИ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Групната фаза заврши и на турнирот во кошарка, осумте најдобрите одат понатаму, другите се пакуваат и правец кон своите домови.

Веќе турнирот во кошарка стана доста интересен, има и интересни 1/4 финални натпревари. А за нас едно е сигурно, една од балканот ќе игра и во 1/2. Тоа е како резултат дека Србија и Хрватска е двојката од едното четврт финале.

Во групата Б беше тотален хаос бидејќи првите четири екипи имаа скоро идентичен учинок со 3 победи и 2 пораза. Па овде имаше работа за организаторите бидејќи составија мини-табела и гледаа меѓусебни дуели. Според тоа прва во групата излезе Хрватска.

Инаку ова се двојките за 1/4 финалето:

Австралија – Литванија

Шпанија – Франција

САД – Аргентина

Србија – Хрватска.

Секако веќе ги имаме и можните двојки за 1/2 финале.

САД/АРГЕНТИНА – ШПАНИЈА/ ФРАНЦИЈА

СРБИЈА/ХРВАТСКА – АВСТРАЛИЈА/ЛИТВАНИЈА