Во Лондон подготвени „тријат раце“: Наполи си најде решение за десната бековска позиција, што е од големо значење за Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси постојано ја следи ситуацијата во Италија.

Имено, Сари му беше тренер на Хисај во Емполи, а потоа го доведе со него и во редовите на Наполи, па сега овој десен бек го сака повторно крај себе, овојпат на „Стемфорд Бриџ“.

Хисај е фантастичен играч, има само 24 години, а познато е колку Италијанецот ги почитува неговите квалитети. Сари знае колку е тешко да се преговара со Де Лаурентис и затоа подготви 50 милиони евра за албанскиот десен бек, толку изнесува и неговата откупна клаузула.

Сепак, не е се во парите. Наполи сака пред продажбата за Хисај да најде соодветна замена, а тие сметаат дека Мануел Лазари би бил одлична замена.

Наполи подготви 20 милиони евра за овој играч на СПАЛ, а се надеваат дека тоа ќе биде доволно. Така Анчелоти би довел одлична замена за Хисај, а и би заработиле доста пари на продажбата на Албанецот.

Челси сака да го продаде Запакоста и така да направи место во тимот за Хисај. Дали ова значи „вин вин“ ситуацијата за обете екипи?