Објавено видеото од последното интервју на Шумахер пред тешката несреќа (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер, и понатаму се наоѓа далеку од очите на јавноста по тешката несреќа, која ја доживеа на скијање во 2013 година.

Пред речиси пет години легендарниот возач во Формула 1 дожиеа тешка несреќа на скијање во Франција од која не оздрави, а за неговата здравствена состојба се знае многу малку, па сега беше објавено и неговото последно интервју, кое било направено неколку дена пред несреќата.

Никој од семејството не сака да открие што се случува со Шуми, а фановите ги изненади интервјуто кое овид денови беше објавено на неговата официјална страница, кое може да го погледнете ТУКА.

„Формула 1 е многу тежок спорт и тоа многумина не го разбираат, посебно кога имате послаби сопирачки и управувач. Ви треба многу голема подготовка. Идоли ми се Ајртон Сена и Винченцо Соспири, но знаете дека сакам фудбал, па идол ми беше Тони Шумахер, кој беше одличен фудбалер“, кажа Шумахер меѓу другото.