Винс Картер испиша историја во НБА-лигата (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарот на Атланта Хокс, Винс Картер, синоќа се запиша во историјата на НБА-лигата.

Овој 41-годишен ветеран синоќа постигна 14 поени и на тој начин стигна до бројката од 25.000 поени во најсилната лига на светот, односно стана 22 кошаркар на кој му успеало тоа.

По дуелот беше многу среќен, иако неговата екипа загуби од Торонто репторс со 124-108.

„Беше ова одличен момент за мене. Да се биде во лигата толку долго и да се бркаат успеси, тоа е одлично, но 25.000 поени се нешто посебно“, кажа Картер.

Инаку, Картер најдобрите денови од кариерата ги помина во Торонто репторс, а потоа играше за Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и Атланта.