По само пет месеци, Червар го напушта кормилото на ППД Загреб


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лино Червар изненадувачки донесе одлука да ја напушти клупата на ППД Загреб.

Легендарниот хрватски тренер кормилото на ППД Згреб го презеде на крајот на јуни оваа година, а по пет месеци донесе одлука да го предводи тимот од хрватската престолнина на уште два-три меча.

Червар одлучи максимално да се посвети на хрватската ракометна репрезентација, каде ја извршува функцијата на селектор, а наместо него Загреб во следниот период ќе го предводи Тончи Валчич и Горан Рокавец.

Најтрофејниот хрватски тренер претходно ППД Загреб го водеше на два пати, од 2000 до 2002. година, па од 2004. до 2009. година.

Помеѓу останатото ги тренираше Металург, Клагенфурт, Папилон Конверсано и репрезентацијата на Македонија.