Каков грабеж во Евролигата: Жалгирис заврши поради „техничка грешка“ на Русите!? (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ЦСКА Москва го победи Жалгирис со 99-97 по продолженија во осмото коло од Евролигата, но на натпреварот се случи неверојатна грешка.

Жалгирис имаше напад и предност од три поени (84-81), а на часовникот имаа нови 24 секунди за напад на 1.14 минути до крајот.

Но, се случи нешто неверојатно, откако на 18 секунди до крајот, наеднаш семафорот се смени и пишуваше 13 секунди до крајот на нападот, односно им беа „украдени“ пет секунди, а ЦСКА подоцна стигна до израмнување и продолженија.