Кафу: Најдобар со кој сум играл е Роналдињо, а најдобар против кој сум играл Зидан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот Кафу, даде интерју за Дејли Меил во кое откри кој е за него најдобар бек на денешницата и кој е најдобар играч против кој играл.

Да потсетиме, Кафу најславните денови ги помина во Рома и Милан, а во тоа време важеше за најдобар бек на светот. Во кариерата освои се што можеше да се освои, ЛШ, Светското првенство и Серија А.

Неговите зборови секако имаат додата тежина, па новинанор за почеток го праша кој за него е најдобар десен бек на денешницата.

„Во овој момент тоа се Дани Алвеш, Карвахал и Данило, по мое мислење“, рече Кафу.

Исто така, избра и најдобар играч со кој некогаш играл vo karierata.

„Имаше навистина одлични играчи, но доколку би требало да одберам еден тоа ќе биде Роналдињо“, рече Кафу, а исто така избра и најдобар играч кој играл против него.

„Зинедин Зидан. Тој беше едноставно фантастичен“, порача Кафу.