Раиконен се врати во Заубер по 17 години (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кими Раиконен повторно ќе вози во болидот на Заубер, првпат од 2001 година. А, тоа се случи рано утринава на тестовите на „Пирели“ во Абу Даби.

Финецот возеше небрендирана Формула, а носеше кацига, која ја користеше во Лотус во 2012 година.

Како што е познато, Раиконен пред неколку дена се раздели со Ферари, чиј последен светски шампион беше во 2007 година.

Кими не е единствениот пилот, кој порано „дебитираше“ во новиот тим, бидејќи шампионот на Формула 2, Џорџ Расел, веќе се појави на патеката во болидот на ВИлијамс.