Официјално: Евролигата ќе се проширува – два нови клуба добија лиценца!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најсилното европско клупско кошаркарско натпреварување во Европа, поточно Евролигата и официјално ги потврди промените.

На состанокот во Тел Авив е решено Евролигата од наредната сезона да биде проширена од 16 на 18 клубови, а лиценца за учество добија Баерн Минхен и Асвел.

Баерн сезонава се натпреварува во Евролигата како германски шампион, а ќе има сигурен статус на учесник и во наредните две години, како и француски Асвел.

Лиценцата на Асвел е најголема новост на состанокот бидејќи Баерн лиценцата ја доби на претходниот состанок на управата на Евролигата.

Во моментов, лиценца за учество во Евролигата има Ефес, Панатинаикос, Фенербахче, Басконија, Макаби, Реал Мадрид, ЦСКА, Армани Милано, Жалгирис, Барселона и Олимпијакос.

Покрај овие 11 клубови, сезонава во Евролигата се натпреварува и Баерн како шампион на Германија, Будуќност како шампион на АБА-лигата, Дарушафака која обезбеди пласман како шампион на Еврокупот, Химки како финалист на ВТБ-лигата, како и Гран Канарија како најдобропласиран клуб во АЦБ-лигата.