Академија Пандев ја совлада Шкендија, Вардар му се доближи на лидерот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска беа одиграни натпреварите од 17. коло во македонската Прва лига, а во дербито на колото Академија Пнадев ја победи Шкендија.

Гостите победија со 1-0, а голот за победа го постигна Марио Крстовски во 26. минута. Овој пораз на Тетовци го искористи Вардар, кој ја совлада Победа со 3-0 и ја намали разликата со Шкендија на три бода.

Шкупи и Ренова одиграа 1-1, исто како и Македонија Ѓорче Петров и Силекс, додека Работнички славеше против Беласица со 2-1.