Скандал во светскиот фудбал: Мистериозни инекции во Кипар натераа фудбалери да ги завршат кариерите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На повидок е нова голема афера во светскиот фудбал и тоа поради здравствени проблеми, кои ги тераат фудбалерите предвреме да се пензионираат, зашто предизвикуваат проблеми со срцето.

Светскиот синдикат на фудбалери на ФИФпро, кој застапува повеќе од 60.000 фудбалери, испрати писмо до ФИФА, Фудбалската федерација на Кипар и Спортската организација на Кипар во кое ја покажува својата загриженост и бара истрага.

Најмалку четири врвни клуба, од водечките лиги во светот, им давале на своите фудбалери инекции од Кипар, со непознати состојки, поради кои тројца фудбалери морале да ги завршат кариерите.

„Поради загриженост дека постои поврзаност помеѓу неидентификуваната супстанција и сериозните срцеви проблеми кај тројца фудбалери, ФИФпро ги повикува надлежните органи да помогнат за да се откри што има во тие состојки“, пишува во писмото на ФИФпро.