Танц кој стана хит на социјалните мрежи: Бразилскиот тандем ја воодушевија соблекувалната на ПСЖ и со танчерски вештини (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ е на чекор од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Францускиот шампион славеше над Ливерпук со 2:1 во Париз во петтото коло во Лигата на шампионите и го доведе европскиот вицепрвак на работ на елиминација. ПСЖ во последното коло гостува кај Црвена Звезда и ако не се случи чудо, францускиот шампион бу требало рутински да се избори за нокаут фазата. Од друга страна, на „Енфилд“, Ливерпул и Наполи ќе играат меч на живот или смрт, а Англичаните ќе се пласираат исклучиво со триумф.

ПСЖ синоќа одигра одлично, Ливерпул беше потчинет во сите 90 минути и само среќа и лошиот полски судија беа заслужни што „Црвените“ не беа убедливо поразени на „Паркот на принцовите“.

По мечот се славеше и во соблекувалната на ПСЖ, а во славењето најистакнат беше бразилскиот тандем Нејмар- Алвеш кои заиграа, а нивните чекори станаа хит на социјалните мрежи.