Легенда на Ливерпул се изнервира: Нејмар се тркала како дете во забавиште! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ успеа да го победи Ливерпул со 2-1 во петтото коло од групната фаза од Лигата на шампиони и така ги донесе во тешка ситуација.

За овој пораз на Англичаните немаше да се зборува премногу доколку Нејмар се однесувал нормално, како што кажа тренерот на „црвените“, Јирген Клоп.

„Во секој момент некој лежеше на теренот“, кажа Германецот.

На сметка на најскапиот фудбалер во светот критики испрати и легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, кој не можел да верува што се случува.

„Треба да им е срам. Не знам како може после таква игра да излезат пред своите семејства. Се тркалаат по теренот како деца во забавиште. Нејмар е фантастичен фудбалер, но ако продолжи така да паѓа, по тоа ќе го паметат сите, а не по играта“, кажа Карагер.