Анри нема дилеми од кој ќе учи: Симеоне е вистински пример за сите тренери…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


41-годишниот Тиери Анри, најпрво работеше како помошник на Роберто Мартинез во репрезентацијата на Белгија, а потоа поради името и имиџот бројни клубови во меѓувреме сакаа да го донесат во своите редови, на крајот се определи за Монако на чија клупа го наследи Леонардо Јардим.

Свесен е Анри дека пред него има уште доста работи за да го направи приближно она што го направи како играч, но кога се во прашање тренерските идоли, дилема нема.

„Имам многу да учам, а Симеоне е вистински пример за сите тренери. Видов кога водеа со 2:0, му довикнуваше на својот тим да се вратат и да се бранат и го видовме Гризман како се враќаше да ги сопре контрите и на левата и на десната страна. Она што Симеоне го извлекува од играчите е неверојатно“, воодушевено истакна Анри.

Последниот пораз на Анри со Монако го доживеа токму од Атлетико предводен од Симеоне, кој во рамки на петтото коло во Лигата на шампионите славеше со 2:0.