Реми меѓу Адеми и Елмас, Тричковски стрелец за АЕК Ларнака


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од 18:55 часот беа одиграни 14 натпревари од петтото коло од Лигата на Европа.

Хрватскиот шампион Динамо Загреб продолжи со одличните партии и остана непоразен на гостувањето кај Фенербахче (0:0). Благодарение на резултатот од средбата Андерлехт и Трнава (0:0) и хрватскиот и турскиот претставник одат во понатамошната фаза.

Елиф Елмас и Аријан Адеми ги одиграа сите 90. минути и, и двајцата заработија жолти картони на средбата.

Иван Тричковски пак донесе победа за АЕК Ларнака на гостувањето кај Цирих. Нашиот репрезентативец ја погоди мрежата на домашниот тим во 84. минута и го постави конечниот резултат на натпреварот, 1:2.

Милан-Дуделанж 5:2

Андерлехт- Трнава 0:0

Баер Леверкузен- Лудогорец 1:1

Бате Борисов- Видеотон 2:0

Бетис- Олимпијакос 1:0

Бордо- Славија Прага 2:0

Фенербахче- Динамо Загреб 0:0

Красондар- Акишар 2:1

Карабак- Спортинг 1:6

Розенборг- Селтик 0:1

Салцбург- РБ Лајпциг 1:0

Ворскла- Арсенал 0:3

Зенит- Копенхаген 1:0

Цирих- АЕК Ларнака 1:2