Мбапе искрено упати порака до своите соиграчи: Луѓе, Белград е само замка, таму е поинаку…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на светот, Килијан Мбапе, гостувањето на ПСЖ во Белград против Црвена Звезда во Лигата на шампионите го опиша како замка и затоа ги повика сите од парискиот клуб да размислуваат само за тој меч, а не за другите ривали во групата Ц каде се Наполи и Ливерпул исто така.

На Парижаните на 11. декември им е потребен триумф против Црвена Звезда за пласман во осминафиналето во елитното натпреварување за да не зависи од резултатот на „Енфилд“.

„Белград е замка, тамо никој не победи оваа есен. Не смееме да размислуваме за Ливерпул и Наполи, туку само за Звезда. Тоа е потполно поинаков клуб во однос на она што го покажуваат на гостувањата“, истакна Мбапе.

Францускиот напаѓач истакнува дека победата во Белград е единствениот исправен пат за ПСЖ.

„Поинакви калкулации не доаѓаат предвид“, заклучи најголемата ѕвезда во клубот од француската престолнина.

На табелата во групата Ц, Наполи е лидер со девет бодови, еден помалку има ПСЖ, Ливерпул освои шест, а Звезда е со четири бодови најдобро бодуваната последнопласирана екипа.