Нема подобар: Меси со епитетот најдобар во Лигата на шампионите…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Крилниот напаѓач на Барселона, Лео Меси е избран за најдобар фудбалер на петтото коло во групната фаза во Лигата на шампионите.

За потсетување, Меси со својата Барселона славеше на гостувањето против ПСВ со 2:1, а Аргентинецот постигна еден погодк на тој меч и тоа на маестрален начин.

Освен него, во конкуренција за најдобар играч на ова коло беа Мертенс од Наполи, Корнет од Лион и Робен од редовите на Баерн Минхен.

Инаку, Меси погодокот кој го постигна против ПСВ беше неговиот 106. во Лигата на шампионите и стана играч со најмногу постигнати погодоци за еден клуб во споменатото натпреварување.

На сето тоа додаваме, дека за Аргентинецот ова е трето признание за најдобар играч на колото, а освен него наградата ја освоија Един Џеко и Хари Кејн.