Официјално: УЕФА реши – ВАР-технологија ќе има уште од пролет во ЛШ! (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


УЕФА пред почетокот на сезоната во Лигата на шампиони (ЛШ) реши дека ВАР-системот нема да се користи во ова натпреварување сезонава, туку тоа ќе се случи наредната сезона.

Сепак, по првите пет кола од групната фаза во Лигата на шампиони имаше многу сомнителни ситуации, а многумина порачаа дека грешката била тоа што ВАР-системот не бил дел од Лигата на шампиони од сезонава.

Очигледно УЕФА си ја разбра грешката, зашто денеска официјално потврди дека ВАР-технологија ќе има од пролет.

ВАР-системот ќе биде дел од ЛШ од нокаут-фазата кога почнуваат натпреварите во осминафиналето на 16 февруари наредната година.