Готово е: Лука Модриќ е добитникот на Златната топка, ова е конечниот поредок (Фото + Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа што се очекуваше штотуку доби и официјална потврда. Хрватскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид е добитник на Златната топка и со тоа го доби епитетот –Најдобар играч во светот за изминатата сезона.

Со ваквиот избор се прекина долгогодишната доминација на Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои во последните десет години беа освојувачи на ова престижно признание.

Португалецот заврши на втората позиција според гласовите, додека фудбалерот на Барселона беше дури петтопласиран.

Ова е конечниот поредок во трката за Златната топка

Лука Модриќ

Кристијано Роналдо

Ентоан Гризман

Килијан Мбапе

Лионел Меси

Мохамед Салах

Рафаел Варан

Еден Азар

Кевин Де Брајн

Хари Кејн