Модриќ реши каде ќе ја продолжи кариерата: Доста е со шпекулации…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, синоќа на церемонијата во Париз ја освои „Златната топка“ и стана најдобар фудбалер за 2018 година.

Од минатото лето траат шпекулациите за тоа дека Хрватот би можел да го напушти клубот, а како негова идна дестинација се споменуваше Интер.

Шпанските медиуми пишуваат дека Модриќ бил во конфликт со Флорентино Перез, кој по секоја цена сака да го задржи во „кралскиот клуб“.

Очигледно ситуацијата се променила, откако капитенот на хрватската репрезентација по церемонијата кажа дека сака да ја заврши кариерата во Мадрид.

„Ми останаа уште две години од договорот, се надевам на уште еден потоа. Клубот покажа дека ме поддржува и би сакал кариерата да ја завршам во Реал. семејството ужива тука и јас сум среќен“, откри Модриќ.