„Лејкерс ќе стане шампион, а потоа ќе му се смееме на Голден Стејт“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот Коби Брајант смета дека Лос Анџелес Лејкерс ќе ја освојата НБА-титулата пред останатите фаворити за трофејот.

Брајант верува дека составот од Калифорнија предводен од Леброн Џејмс е способен да го нападне шампионскиот „прстен“, кој во клубот го чекаат од 2010 година.

„Во Лејкерс постои решителност. Тимот има талентирани кошаркари, а генералниот меанџер Роб Пелинк се грижи за финансиите. Сега само уживајте во нивното патување, зашто ќе станеме шампиони, а потоа ќе им се смееме на навивачите на Голден Стејт“, кажа Брајант.

Лејкерс последен пат ја освоија титулата во 2010 година, кога во финалето го победија Бостон со 4-3.

Инаку, Коби се пензионираше во 2016 година, а со тимот од Калифорнија освои пет титули.