Модриќ славеше и во соблекувалната на Реал: Честитки од сите страни, најистакнат во славењето беше Рамос (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ има многу причини за славење, откако е прогласен за најдобар играч на светот и сега во својата витрина ја има и „Златната топка“.

Модриќ синоќа ја освои „Златната топка“ на доделувањето во Париз, што е сигурно успег во кариерата на хрватскиот репрезентативец. Тој славеше пред некогашниот соиграч Кристијано Роналдо, и Антоан Гризман кој ја зазема третата позиција.

Веќе денес Модриќ се врати во Мадрид каде го одработи тренингот во среќна атмосфера. Соиграчите му честитаа на големиот успех, а прв од нив на Инстаграм се огласи и Серхио Рамос.

„Мојата почит Лука“, кратко напиша Рамос покрај интересната објавена фотографија.

 

View this post on Instagram

 

Mis respetos, #BallonDor. ¡Grande, Lukita! My respect, @lukamodric10.

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos) on