Протести во Париз му „прават услуга“ на ПСЖ пред гостувањето кај Црвена Звезда


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Натпреварот од 17. коло во француската Лига 1 помеѓу ПСЖ и Монпелје е откажан поради протестите, кои се случуваат во Париз.

Масовните протести најавени за претстојниот викенд поради растот на цените на горивата, но и незадоволството на Французите му прават услуга на клубот.

„Прифаќаме одложување. Мора да се прилагодиме на ситуацијата за да останеме во форма пред патот во Белград. Во овој момент безбедноста е најважна“, кажа тренерот Томас Тухел.

ПСЖ во сред игра против Стразбур во гости, а потоа патува во Белград за дуелот против Црвена Звезда во Лигата на шампиони.