Флорентино Перез без пардон: Преку ноќ во заборав замина Кристијано Роналдо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез синоќа му се придружи на Лука Модриќ на бината откако Хрватот беше прогласен за најдобар играч во 2018. година.

На Модриќ му припадна „Златната топла“, па фудбалерот на Реал стана првиот фудбалер кој во една година освои три големи индивидуални признанија.

Првиот човек на Реал Мадрид, истакна дека никој не би смеел да доведува до прашање дали Модриќ е најдобриот во изминатата година, иако добар дел од јавноста е согласен дека наградата требало да ја освои Кристијано Роналдо.

„Модриќ имаше извонредна година во која ги освои сите награди и никој не треба да се сомнева дека е најдобар. Воопшто нема дилема во тоа. Здоволство ни е што ваков човек игра за нашиот клуб“, истакна Перез иако е прашање дали би го имал овој став ако Кристијано Роналдо се уште беше дел од Реал.

Инаку, најголемиот противкандидат на Модриќ за „Златната топка“ беше токму Кристијано Роналдо кој заврши на втората позиција.