Скандал за „Златната топка“: Новинар вели дека гласовите му се променети! (ФОТО)


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Во изборот на „Франс Фудбал“ за 2018 година гласаа 180 новинари, а Лука Модриќ ја освои „Златната топка“, но се крена „прашина“ по еден коментар на еден новинар.

Ласана Либур, новинар од Тринидад и Тобаго, се огласи на Твитер и порача дека неговиот гласачки список е погрешен.

„Франс Фудбал“ објави дека во изборот на Либур на прво место е Антоан Гризман, потоа Мохамед Салах, Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Лионел Меси.

Меѓутоа, новинарот тврди дека редоследот е обратен и дека Меси е прв, па по него следуваат Модриќ, Роналдо, Салах и Гризман.