Алегри откри дека Роналдо е разочаран поради Златната топка и посочи што ќе стори Португалецот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри истакна дека Роналдо сега има далеку поголем мотив да ја освои Златната топка во дресот на Јувентус.

Португалецот заврши како второполасиран веднаш зад Лука Модриќ кој по десет години владеење на Роналдо и Меси е првиот што го доби ова престижно признание.

„Тоа е разочарувачки, затоа што Роналдо очигледно заслужи да ја освои оваа награда поради се што стори со Реал Мадрид. Со Португалија на Мундијалот не можеше да оди подалеку отколку што замина. Неговиот нареден мотив е да ја освои Златната топка во дресот на Јувентус“ –истакна Роналдо.