Далас го победи Портланд, Дончиќ ќе го памети дуелот по една блокада (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа Далас успеа во одличен натпревар да го победи Портланд со 111-102.

На гледачите од нашите простори им беше овој дуел интересен поради тоа што противници беа Јусуф Нуркиќ и Лука Дончиќ, кои водеа голема битка.

Дончиќ на крајот имаше повеќе успех од две причини. Неговиот тим победи, а тој постигна 21 поен и девет асистенции.

Сепак, младиот Словенец ќе го памети натпреварот и по една блокада, која ја доби од Нуркиќ.