Валверде: Секоја чест за Модриќ, но за нас ова е апсурд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Именувањето на Лука Модриќ за најдобар играч во светот за 2018. година апсолутно е топ тема во светските фудбалска јавност, а тешко е да се сетиме дека претходно имало ваков избор со толку (негативни) реакции.

Не е мал бројот на оние кои сметаат дека Модриќ не ја заслужил Златната топка, но Хрватот сепак убедливо славеше над Роналдо и Гризман.

Свој коментар за ова даде и тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, на кого не му беше јасно како еден Лионел Меси заврши на петтото место.

„Не сакам да навлегувам во релевантноста на ваквите избори, секој има право да гласа како сака. Но, мене ми е апсурдно Меси да биде дури петти, ако зборуваме за најдобрите игачи. Сепак, секоја чест за Лука Модруќ, тој е фантастичен играч“, изјави Валверде.

Инаку петтото место за Меси е најслаб негов пласман во последните 10 години.