Мареј: Тоа не беше виц, тоа беше чист сексизам во спортот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британскиот тенисер, Енди Мареј е еден од многуте кои останаа шокирани од прашањето кое Дј Мартин Солвиг го постави на добитничката на „Златната топка“, Ада Хегерберг на церемонијата во Париз.

Норвешката фудбалерска дојде да ја земе својата награда, а наместо некое нормално прашање врзано за фудбалот, Солвиг ја запраша дали таа знае да тверка.

Ада кратко одговори дека не знае и се сврти, а Солвиг подоцна и се извини и истакна дека тоа била шега и дека не знаел дека неговото прашање ќе предизвика толку негативни коментари.

Коментар на оваа ситуација имаше и Енди Мареј, кој гестот на познатиот Дј го нарече чист пример на сексизам во спортот.

„Тоа е уште еден пример на бесмислен сексизам кој и натаму постои во спортот. Зошто жените и натаму мораат да трпат такви ср*ња? Што не ги праша Мбапе и Модриќ? Верувам дека нешто е во врска со фудбалот. И сите кои мислат дека претерувањето било виц, не е така“, истакна Мареј.