Реал Мадрид подготви листа за отстрел, Челси задоволни трие раце!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Реал Мадрид реши во летниот преоден рок да го продаде Матео Ковачиќ, кој сезонава е на позајмица во Челси.

„АС“ пишува дека „кралевите“ не се задоволни со однесувањето на Хрватот во текот на летото и ќе разгледува понуди.

Челси, наводно, сака да потпише договор со 24-годишниот фудбалер, кој добро се прилагоди во тимот, а досега одигра 17 натпревари.

Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб за три сезони во Реал одигра само 37 првенствени натпревари, од кои само 10 во минатата сезона.