Мурињо ја исмеа серијата на Арсенал…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мурињо кој е видно незадоволен од својот Манчестер Јунајтед, стигна да го „боцне“ Арсенал.

Мурињо пред почетокот на Премиер лигата истакна дека очекува тешка сезона, во летниот преоден рок потроши 80 милиони фунти на засилувања, додека првите шест екипи освен Тотенхем потрошиле повеќе на доведување на нови играчи.

По 14 кола во ПЛ, Јунајтед е на осмата позиција на табелата со 22 бода и има 19 бода помалку и натпревар помалку од првопласираниот, градскиот ривал, Манчестер Сити, освен осум помалку од Арсенал на четвртата позиција, која води во Лигата на шампионите.

„Ова заостанување зад првите четири тима е нешто што не можам да го предвидам. Секогаш мислите позитивно и мислете дека заостанокот нема да биде толку голем. Но, изминатата година не добивме пофалба кои ги заслужувавме. Завршивме на второто место, игравме во финалето во ФА купот, и бевме први во нашата група во Лигата на шампионите“, истакна Мурињо, пренесуваат британските медиуми.

Португалскиот тренер наведе дека единствено неговата екипа не напредувала.

„Сите екипи напредуваа. Тотенхем немаше директни вложувања во екипата, но нивното вложување беше да ги сочуваат најдобрите играчи. Секој тим напредуваше, а ние не“, додаде Мурињо.

Тој, на некој начин ја исмеа серијата на Арсенал.

„Играме против добар тим кој е во добар момент со добрата форма и добрите резултати, но без акумулација бидејќи играат во Лига Европа. Кога играте во Лига Европа тогаш е нормално да играте со втор тим, и да дадете времет првотимците да се одморат. За разлика од нив, ние играме во Лигата на шампионите каде мораме да играме со максималните потенцијали. Во декември обично се плаќа цената за сето тоа“, истакна Мурињо.

Манчестер Јунајтед вечерва на „Олд Трафорд“ ќе го пречека Арсенал во Премиер лигата.