Бејл: Требаше јас да бидам носител на наградата гол на годината…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл изјави дека странските медиуми наместо нему, наградата за најдобар гол на годината му ја доделиле на Мохамед Салах.

Светската фудбалска федерација, веќе традиционално доделува награда за најдобар гол во изминатата година, а според многумина наградата се чинеше дека ќе заврши во рацете на Бејл, на крајот сепак беше кажано името на Салах.

Поради тоа е изненаден и самиот Бејл, и тоа не го криеше…

„Искрено, се изненадив кога видов дека наместо мене наградата ја освои Салах. Таа награда малку е дискредитирана, иако погодокот на Салах беше одличен“, истакна Бејл, кој за потсетување со ножички го матираше Кариус во финалниот меч од Лигата на шампионите.

Во конкуренција за гол на годината беа уште и Павард, Меси и Кварезма.