(Не)очекувано: Саутемптон со нов тренер ќе се спасува од испаѓање од Премиерлигата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Управата на Саутемптон постави нов менаџер, откако отказ претходно доби Марк Хјуз.

Резултатите кои ги постигнува Саутемптон сезонава се под очекувањата, а цената за лошите резултати мораше некој да ја плати.

Моментот кој ја реши неговата судбина беше ремито со Манчестер јунајтед (2-2), па сега се без победа на девет натпревари во Премиерлигата.

Како нов тренер е претставен Ралф Хазенхат, кој потпиша договор на две ипол години, а тој своето име го изгради во Германија, каде што ги водеше Унтерхакинг, Ален, Инголштат и Лајпциг.

Саутемптон во Премиерлигата се наоѓа на 18. позиција на табелата со само девет освоени бодови.