Алегри запрашан зошто Роналдо го немаше во Париз и како реагирал на наградата на Модриќ: Еве ја причината…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо не се појави во Париз на доделувањето на „Златната топка“ која ја понесе Лука Модриќ, а неговата сестра на Инстаграм го „исплука“ изборот на Франс Фудбал.

Многумина го критикуваа Роналдо затоа што не отишол на доделувањето, а неговиот тренер во Јувентус, Масимилијано Алегри новинарите го прашаа како го коментира недоаѓањето на Португалецот во Париз.

„Кристијано ја заслужи „Златната топка“ за се што направи изминатата сезона во Лигата на шампионите со Реал. Подоцна со Португалија на СП не можеше понатаму“, одговори исталијанскиот тренер.

„Нема сомнеж дека триумфот на Модриќ дополнително го мотивираше, да биде уште подобар и следната година со Јувентус и да ја освои шестата Златна топка“

Алегри не изостана со убавите зборови на адреса на 33-годишниот Роналдо.

„За зголеми и онака големата празнина во професионализмот во Јувентус. Извонреден фудбалер е, но и понизно момче, кое фантастично се вклопи во тимот и кој дава се од себе на секој тренинг. Тој е пример за младите луѓе бидејќи и со 33 години сака се уште да реди успеси и вложува труд и се грижи за секој детал“, истакна Алегри.

Во 18 настапи оваа сезона Роналдо постигна 11 погодоци и запиша седум асистенции.