Снајдер воодушевен од гестот на Модриќ: „Понизен си и голем“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ дефинитивно ја има годината од соништата. Членот на Реал Мадрид во понеделникот ја освои Златната Топка за која многумина сметаат дена е најголема награда во фудбалот.

Откако му беше врачена наградата, Модриќ, една од своите први изјави ја посвети на играчи кои требаше да ја освојата Златната топка како што се Чави, Иниеста, Снајдер… но не ја добија бидејќи во нивната ера доминираа Роналдо и Меси.

Оваа изјава ја воодушеви јавноста, бидејќи уште еднаш се покажа понизноста и скромноста, што покрај фудбалскиот талент во голема мера го краси. Воодушевен од изјавата, „именуваниот“ Снајдер на социјалната мрежа Инстаграм се заблагодари на прекрасната порака.

„Твојата посвета за Златата топка а други играчи, вклучувајќи ме и мене, покажува колку си голем и понизен. Лука ова го заслужи. Големи честитки“, напиша Холанѓанецот кој како и Модриќ имаше прилика да игра за Реал Мадрид.