Алегри им кажа „НЕ“ на засилувањата, само еден човек може да му донесе плус на тимот, но тој е невозможна мисија?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус смета дека нема простор за нови играчи, освен за еден, кој пак, е невозможна мисија…

Јувентус утре вечер го очекува дербито со Интер, потоа следи Лигата на шампионите, заверување на првото место против Јанг Бојс во Берн, па дербито со Торино, додека пред Божиќ пристигнува Рома.

Играчите закрепнуваат, Алегри има комплетен напад на располагање што е најважно, а почна да тренира и Емре Џан.

Инаку, тренерот на Јувентус разговарал со челниците за евентуални засилувања, многу имиња се во игра, интересно, тој смета дека во тимот не треба да има големи проблеми, задоволен е со она што го има, а како желба го наведе Иско од Реал Мадрид.

Но, Перез веќе ја затвори вратата иако Иско сака да замине, Реал не сака да го пушти, освен ако некој не уплати 700 милиони евра.

Останува да се види дали Де Лихт летово ќе заврши во Торино што би можело да влијае на судбината на Бенатија или Ругани, а ако го продадат Алекс Сандро, мораат да бараат уште еден лев бек.

Во секој случај, Алегри смета дека единствено Иско би можел да го унапреди тимот, што е сигнал дека воопшто не размислуваат за Погба.