Нема санкција: Откриено дека Фелаини ја сакал својата фризура назад?! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Арсенал синоќа ремизираа на „Олд Трафорд“ 2:2, а во финишот на мечот настапи и Мауран Фелаини.

Белгиецот не успеа да влијае на резултатот, но поради еден потег го привлече вниманието на медиумите.

Имено, во финишот на средбата Фелаини за коса го повлече младиот играч за врска на Арсенал, Матеа Гендузи, судијата Маринес се огласи и досуди прекршок во корист на Арсенал, но Белгеицот не покажа никаков картон.

Како што пренесува „Скај Спорт“, некогашниот фудбалер на Евертон за ваквиот потег нема да дочека казна, а младиот Гендузи во шеговит манир на крајот на средбата објасни поради што Фелаини така се понел.

„Мислам дека е во прашање љубомора. Можеби не може да го прифати фактот дека одлучил да и се врати на кратката фризура“, изјави Гендузи.

Така што, на Фелаини му недостасува неговата препознатлива афро фризура, но јасно е дека ова не е начин да ја врати.

Белгиецот можеби и заслужи казна за ваквиот потег, но ФА овојпат одлучи да не се огласува дополнително.